Skip to main content

Трајановски изврши увид на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид

Фото: Коце Трајановски/Фејсбук

Директор на Јавно претпријатие за државни патишта Коце Трајановски, врера заедно со стручниот тим од ЈПДП, надзорот на проектот, изведувачите и подизведувачите изврши увид во градежните активности на автопатската делница во изградба Кичево – Охрид.

-Можам слободно да кажам дека забележав значителен прогрес на работите и забрзана динамика, објави Трајановски на својот фејсбук профил.

Целта е пред туристичката сезона да се вози по нова асфалтирана траса од село Врбјани до Охрид (со исклучок кај селото Ботун каде се работи на санација на свлечиште), нотираше во објавата.

На делот од Кичево до Врбјани се работи интезивно на заштита на косините и санација на свлечишта, се со цел што побрзо да може и оваа делница биде пуштена во употреба, потенцира во објавата.