Skip to main content

Странски експерти прават план за изградба на гондола на Пелистер

Претставници на компанија од Словенија со стручни лица од Франција и Србија извршија увид на теренот за изградба на гондола на планината Баба на врвот Пелистер.

Проектот за изработка на физибилити студија за гондола го анализираа експерти од оваа област кои имаат искуство во изградбата на гондоли и жичарници во Европа.

Гостите од стрнаство имаат изведено проекти во Србија на Копаоник и неколку европски земји. Воодушевени од природните убавини на Пелистер експерите заклучија дека во периодот што следува треба да се подготви проектната програма за физибилити студијата која ќе ја дефинира трасата и финансиска конструкција на проектот, соопштија од Општина Битола.

Неодамна, градоначалникот и членови на Советот на општина Битола извршија увид на работата на гондолата на планинските предели на Копаоник во соседна Србија.