Skip to main content

Стопанската комора ќе им помогне на „Макпрогрес“ по пожарот

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, в петок ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница.

Како што информира Стопанската комора на Македонија, идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората е во насока на поддршка на Макпрогрес по пожарот кој сериозно уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката, а имајќи ја предвид неговата извозна веќе докажана афирмација.

Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на Макпрогрес, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард, се вели во соопштението.

Како што е најавено, концептот за идното работење на Макпрогрес и за случувањата во фабриката, првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов ќе им ги соопшти на присутните на состанокот во Комората во петок.

Поврзани вести