
„Евродизелот“ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари за литар. Цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цела на „евродизелот БС“ (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар.
За 0,112 денари поскапува и „мазутот М-1 НС“ и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари.

Македонски




