
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна.
Со контролата спроведена на 22 овој месец, утврдено е дека во куќарките работеле физички лица и тоа во нехигиенски услови, односно куќарките не биле поврзани на градската водоводна мрежа, немале спроведена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација, лицата немале спроведени задолжителни здравствено – санитарни прегледи, а не се почитувале ниту правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, информира АХВ.
Решенијата за времена забрана за вршење дејност ќе останат во сила до исполнување на потребните услови за работа.

Македонски






