Skip to main content

Пазарниот инспекторат излегува на терен, најавени се ригорозни казни

Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот за заштита од пушење. Контролите ќе бидат спроведувани во координација со Министерството за внатрешни работи, и тоа низ цела територија на Македонија, со акцент на спречување на послужување алкохол на малолетни лица, се наведува во соопштението.

Послужување алкохол на малолетни лица е кривично дело, а казните за оние угостители што ќе бидат затекнати како послужуваат алкохол на малолетни лица се ригорозни и се движат до 4.000 евра. Освен парични казни, се изрекуваат и казни за забрана за работа во период од еден месец.

Апелираме до угостителите да постапуваат во согласност со обврските кои произлегуваат од Законот за угостителска дејност, по кој се должни да ја утврдат возраста на лицето на кое се послужува алкохол!

Доколку Пазарниот инспекторат утврди нерегуларности, најригорозно ќе постапува!

Државниот пазарен инспекторат заедно со останатите надлежни институции и понатаму ќе продолжи да спроведува заеднички акции кои ќе ги спречат дејствата поврзани со послужување алкохол на малолетници, истакна Директорот на ДПИ, г-дин Влатко Стојкоски.

Поврзани вести