Skip to main content

Николоски: Изградбата на обиколницата на Крива Паланка е последниот дел со поврзување со Бугарија

Точно утрово објавивме дека ја работиме обиколницата на Крива Паланка што е последниот дел со поврзување со Бугарија. Работиме на реконструкција на граничниот премин Деве Баир нешто што интензивно се работи во прва фаза, ќе има и втора фаза, порача денеска вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, кој одговараше на новинарско прашање за инвестициите на нашата земја во патната инфраструктура и изградбата на Коридорите 8 и 10Д.

Се надевам дека оваа активност што ја имаме кон соседна Бугарија ќе биде следена од слична активност од нивна страна. Најави бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт, кога го потпишавме договорот за Железницата на Коридот 8 ќе работат на автопатско решение кое треба да доаѓа кон Деве Баир, што треба да доаѓа од нивна страна. Што мислам дека е многу значајно, како би се скратило сериозно патувањето помеѓу Скопје и Софија, а знаете дека веќе го пуштивме во функција експресниот пат, којшто е од Страцин до Крива Паланка – вели Николоски.

Тој додаде дека во моментов се работи на решение за делот од Романовце, кој е излезот од Куманово до Страцин.

Тоа решение го работиме заедно со Европската унија, во рамки на Планот за раст и се надевам дека заедно ќе успееме со ЕУ и средствата коишто ги имаме во рамки на Планот за раст ќе го реализираме ова решение. Од Куманово до Скопје веќе имаме автопат, понатаму обиколницата на Скопје, којашто за жал не е во добра состојба. Планираме и таму реконструкција во скоро време и во западниот дел од Коридор 8 интензивно се работи на автопатско решение од Тетово до Гостивар, Гостивар до Букојчани или популарната Стража, каде што веќе се пробиени првите 17 километри – рече Николоски.

Тој додаде дека се работи и на спојката на двата автопати од помеѓу од Букојчани до Кичево, а за овој дел од автопатот веќе има понуди од градежни компании, коишто се во рамки на евалуација.

Овој проект ќе го работиме заедно со Европската банка за обнова и развој. Се надевам дека до јануари ќе избереме изведувач и веќе зависно од временските услови март-април ќе биде воведен во работа изведувачот и останува делот, којшто оди од Кичево до Охрид. Првите 37 километри се завршени, од коишто 34 се во функција. Очекувам прва половина на декември да ставиме нови километри во функција, ќе ве поканиме сите и до крајот на следната годината, какошто реков да го завршиме целиот автопат – вели Николски.

Министерот за транспорт информираше и дека во процес на евалуација, односно на избор на изведувач има и за автопатот којшто треба да оди од Скопје до Блаце, а којшто ќе не поврзе со Косово.

Така што целокупниот Коридор 8 го завршуваме, а од друга страна поврзано со Коридорот 10 или Е-75, тука е и Коридорот 10Д, којшто од Скопје- Велес –Градско-Прилеп-Битола надолу се спушта Лерин и излегува на Атина. Тука од грчка страна има сериозни активности, а од наша страна се работи на најголемиот автопат којшто било кога во Македонија е изведен како една делница, а тоа е автопатот од Прилеп до Битола, којшто е во должина од 40 километри и еве да најавам дека сериозно работиме во делот што е од Прилеп до Фариш, да го решиме и тука да имаме експресен пат или автопат, а од Фариш до Дреново, до Градско веќе го пуштивме во првата половина од годината, како експресен пат – подвлече Николоски.

Поврзани вести