Skip to main content

Некои маркети може да бидат затворени, откако кај нив се констатирани неправилности

Тимовите на Пазарниот инспекторат констатираа повеќе неправилности при контролите во маркетите кај трговците на мало, а може да има и казни со затворање маркети, изјави денеска во Прилеп заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

На теренот се 50-тина тимови на Пазарниот инспекторат. Се контролираат маркети, аптеки, тобако-трафики, секаде каде се продава на мало. Констатирани се повеќе неправилности. Има неправилности во однос на означување на намалените производи, при утврдувањето на маржите, на цените, во сметководствената евиденција… Наредната недела ќе има изрекување казни за најнедисциплинираните, а не е исклучено некои маркети да бидат и затворени, што е една од најновите мерки во Законот за трговија – истакна Ристески.

Идната недела, Инспекторатот ќе ги контролира сите дистрибутери и поголемите увозници во земјава. Комисијата за заштита на конкуренцијата работи на прибирање докази за најавата на таканаречено „картелско здружување“.

Комисијата за заштита на конкуренцијата стручно си ја извршува работата и доколку утврдат такво здружување, ќе има казни предвидени со Законот за заштита на потрошувачите – рече Ристески.

Ристескиочекува владините мерки да дадат резултати.

Мерките и одлуките се донесени за да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Со мерките се опфатени 102 групи производи или околу1 200 производи. Трговците мора да се научат да бидат дисциплинирани, да ги почитуваат мерките наменети се граѓаните. Како Министерство за економија и труд и како државна Пазарна инспекција онаму каде ќе откриеме недоследности на одлуките со кои се повредени правата на граѓаните, ќе бидат ригорозно казнети – нагласи Ристески.

Поврзани вести