Skip to main content

Намален јавниот долг во првиот квартал – најниско ниво во последните пет години

Уште една убава вест за македонската економија и граѓаните. Во првиот квартал од 2025 година, заклучно со 31ви/Март, намален е јавниот и државен долг, објавии утрово премиерот Христијан Мицкоски својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.

Како што посочи премиерот, јавниот долг изнесува 57,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а државниот долг е 50,1 отсто од бруто домашниот производ

Ова е најниско ниво во последните пет години и споредено со состојбата од 2020 година, јавниот долг е намален за -2 отсто, а државниот долг е намален за -0,7 отсто, напиша Мицкоски.

Одлични индикатори за состојбата на македонската економија. После првата фаза на стопирање на слободното паѓање што се случуваше седум години, побргу од очекуваното се случи консолидирање, сега следува период на развој и реализација на стратешките цели во овој мандат на Владата.

Продолжуваме со дисциплинирани и развојни економски политики. Горда Македонија е богата Македонија!

Македонија станува повторно твоја!, порача премиерот Мицкоски во објавата.

Поврзани вести