
Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток.
Мицкоски, кој денеска соопшти дека Владата донела одлука да се намали ДДВ- то за горивата, истакна дека нема проблеми во снабдувањето, снабдувачите и државата ги имат потребните залихи, како и дека засега нема потреба да се ограничат граѓаните од соседните држави да купуваат гориво кај нас.
Но, како што изјави, има ризици и тука сме да ги антиципираме и решаваме.
– Доколку се повикавме на прогласување кризна состојба за акцизите ќе беше недоволно и одлучивме да интервенираме директно од Буџетот и да ги намалиме цените за отприлика по 6,5 до 7 денари за литар, рече Мицкоски на новинарско прашање дали е исполнет и законскиот праг за прогласување кризна состојба за да се намали акцизита.
Таа можност, посочи дека останува и оти ќе се следи состојбата на светските берзи, во Заливот и војната во Иран и ќе се реагира.
– Не ни е само оваа можност, имаме развоз, склад, маржа кај трговците, ќе треба и тие можеби малку да се покажат. Владата прави чекор во заштита на стандардот, со намалувањето на ДДВ-то, директно од Буџетот помагаме да не дојде до зголемување на цената на бензинот и дизлелот. Со ова повторно сме убедливо најевтини во регионот. Има притисок од соседните држави, до 150.000 литри на ден, што не е малку тоа е отприлика девет-десет проценти од вкупниот конзум. Електроенегретската состојба е стабилна, така што во овој момент можам да кажам дека целосно состојбата е стабилна, но постојат предвизици што ги антиципираме, превенираме и пресретнуваме за да не дојде до сценарија кои се случуваа во минатото, рече премиерот Мицкоски.
Тој ги претстави берзанските цени на нафтените деривати на Фоб Италија, врз основа на кои кај нас се определува цената.

Македонски


