Овој пат ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и слушнавте од градоначалникот дека повеќе нема да има листа за чекање, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски по увидот на градежните активности на патот Катланово-Градманци во Општина Петровец.
Сите оние проблеми коишто во минатото постоеле се трудиме да ги решаваме, се надева дека не може тоа да биде од еднашка, но чекор по чекор полека но сигурно се завршуваат проекти и се решаваат проблеми, слушнавте од градоначалникот дека сега во следниот повик коишто ќе го објави Владата преку Министерството за локална самоуправа проектите во вредност од 1.200.000, 1.300.000 евра се веќе подготвени, а јас апелирам и до другите градоначалници истото да го сторат. Мислам дека сега во вторник веќе на следната владина седница ќе донесеме одлука со којашто ќе го распишеме повикот до општините за да конкурираат со проекти и мислам дека барем од тоа што имам како информација, мислам дека ќе биде исклучително успешен овој пат за да не се доведеме во ситуација да го продолжуваме рокот, имале, немале одобрение за градба па имале проект немале проект ќе биде малку подолг рокот до таму некаде крајот на месец април за да можат сите оние што нема да стигнат со одобрение за градба и оние документи кои се потребни да успеат во меѓувреме да ги обезбедат.
Така што јас сум исклучително среќен и задоволен за сето она кое што претставувало претходно проблем за граѓаните, сега се надминува, се решава преку овие средства кои се реалоцирани од буџетот. Се градат улици, се градат патишта, булевари, се градат градинки, училишта, сали, практично капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите сограѓани, рече Мицкоски.
Тој уште еднаш честита на градоначалникот, на пратеникот кој што доаѓа од Општина Петровец, на советниците, на администрацијата што, како што кажа, секогаш буквално работат посветено за да сето ова денеска кое ние го гледаме биде реалност.
Тука исто сакам да ја потенцирам и улогата на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за транспорт кои што исто така учествуваат во овие проекти, бидејќи преку нив практично се фасилитираат средствата. Со други зборови да имаме што е можно повеќе вакви проекти и да се занимаваме со политика за да создаваме. Тоа е она кое што е наша инспирација и мотив, рече Мицкоски.