
Денеска го посетив Рударско-енергетски комбинат „Битола“ (РЕК „Битола“), напиша на фејсбук Премиерот Мицкоски.
Ние имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство.
Би сакал да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија.