Skip to main content

Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интевенираме

Цените на прехранбените производи се следат и ако е потребно ќе интервенираме со нивно ограничување иако тоа не сакаме да го сториме, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој оцени дека 2024-та ќе ја завршиме со 3,5 отсто инфлација, а годинава, како што напомена, треба да биде добра на економски план.

Одговорајќи на новинарски прашања, Мицкоски, во однос на цените на производите, потсети и дека во земјава не беше поскапена струјата како во некои од државите на еврозоната каде поскапувањето достигна 15 до 20 отсто, што, нагласи, влијае врз цените на крајните производи.

Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент. За разлика од еврозноата, каде поскапувањето на струјата беше 15 – 20 отсто во некои држави, ние не ја зголемивме цената на електричната енергија која е значаен инпут и влијае врз цената на чинење на готовиот производ, истакна Мицкоски по посетата на општина Штип.

Премиерот напомена дека се преземаат сите мерки за стандардот на граѓаните да биде квалитетен, а истовремено, истакна, и платите растат.

Поврзани вести