
Владата засега нема да воведува ограничувања за граѓаните од соседните држави кои точат гориво на македонските бензински пумпи, информира премиерот Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека во пограничните региони дневно се точат околу 150.000 литри гориво, што претставува околу 10 отсто од вкупната потрошувачка, како резултат на пониските цени во Македонија во споредба со соседството.
Мицкоски нагласи дека по разговори со поголемите снабдувачи нема никакви проблеми со дистрибуцијата на гориво и дека резервите се стабилни. Според него, државата располага со залихи за околу 60 дена, што обезбедува сигурност и во случај на прекин на дотур.
Во моментот имаат поголеми количини од потребните законски пет дена, државата има повеќе од 60 дена… ризици постојат и во моментот не зависат од нас“, изјави премиерот.
Тој додаде дека земјата денес претставува фактор на стабилност во регионот, бидејќи граѓани од соседните држави доаѓаат да точат гориво и да заштедат поради пониските цени.

Македонски


