Skip to main content

Затворено небото над Грција, ниту еден авион не може да слета или да полета

Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен, а авионите не полетуваат и слетуваат на ниту еден аеродроми во земјата, поради мистериозен „технички проблем со радиофреквенциите“, пренесе „Грик сити тајмс“.

Авионите кои треба да слетаат во Грција ќе го направат тоа мануелно, без автоматизирани системи.

Според властите, некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (зоната на контрола на летање над грчкиот главен град) се соочуваат со проблем, кој се истражува во соработка со надлежни надворешни институции, а со цел апсолутно да се зачува безбедноста на летовите, се опслужуваат само дел од прелетите и воведени се ограничувања на грчките аеродроми.

Проблемот предизвика големи гужви на аеродромот во Атина.

Авиосообраќајот во земјата е во целосен прекин од 9 часот утрово, а дел од авионите веќе се пренасочени да слетаат на алтернативни аеродроми во соседните држави.

Поврзани вести