Skip to main content

Вучиќ: Залудно се надевате, власта во Србија ќе остане непроменета

Српскиот претседател Александар Вучиќ на социјалните мрежи најави дека за утре е закажан состанок со американските претставници за енергетиката, вклучително и НИС, а потоа ќе се обрати пред „центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина“.

„За утре е закажан разговор со Американците за енергијата, вклучително и НИС, ќе се бориме да ја зачуваме енергијата на Србија и секоја друга стабилност.

П.С. Мојата порака до центрите на моќ во Загреб, Сараево и Приштина: Среќна Нова година и залудна надеж, нема да ја смените власта во Србија“, напиша Вучиќ со видеото.

Поврзани вести