
По извинувањето до демонстрантите, српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе се распишат предвремени избори, истакнувајќи дека сака да ја смири политичката клима и да покаже подготвеност за дијалог.
За вчерашното одбележување на трагедијата во Нови Сад, кога пред една година по падот на надстрешница на железничката станица загинаа 16 луѓе, Вучиќ рече дека на комеморацијата присуствувале околу 40.000 граѓани, дека сè поминало „мирно и достоинствено“ и дека е горд на ваквиот однос на граѓаните.

Македонски







