Skip to main content

Вучиќ и одговори на Марта Кос: Законите во Србија мора да бидат во согласност со Уставот, а дали и се допаѓаат на ЕУ?

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се огласи по критиките од ЕУ за новиот сет закони во судството нагласувајќи дека не ги прочитал судските закони усвоени од српскиот Парламент, туку само ја проверил нивната уставност со експерти.

Тој не одговори конкретно дали ќе ги потпише

Законите мора да бидат во согласност со Уставот, и тоа е единственото нешто што ме интересира“, рече Вучиќ на презентацијата на извештајот за резултатите и анализата на состојбата, оперативните и функционалните способности на српските вооружени сили за 2025 година.

Според него, добил уверенија од експерти дека тие се во согласност со Уставот.

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, синоќа објави дека донесувањето на судските закони во српскиот Парламент, ја ограничуваат независноста на судството, и тоа е сериозен чекор назад на европскиот пат на Србија.

Во време кога процесот на проширување е во полн ек, а Црна Гора и Албанија брзо напредуваат, Србија ризикува да се движи во спротивна насока. Ова не е она што го сакаме“, напиша Кос на X.

Пратениците во српскиот Парламент вчера ги усвоија измените на сет судски закони предложени од пратеникот на Српската напредна партија, Угљеша Мрдиќ кои стручната јавност остро ги критикуваше оквалификувајќи ги како „блицкриг“ против судството.

Особено беше истакнато дека со донесувањето на тие судски закони, мандатот на повеќе од половина од обвинителите во Обвинителството за организиран криминал ќе заврши, а постапките што ги водат ќе бидат успорени или опструирани.

Синдикатот на вработените во судството вчера ги повика судиите и обвинителите веднаш да стапат во штрајк со цел да ја одбранат независноста на судството и владеењето на правото

Поврзани вести