Skip to main content

Ужасно злосторство ја потресе Хрватска: Татко го полил синот со бензин и го запалил

Уапсен е маж во хрватскиот град Глина. Обвинет е за четири кривични дела – обид за тешко убиство, загрозување на живот и имот, семејно насилство и закана за палење на куќата.

Полициските службеници ја завршија кривичната истрага на 58-годишниот маж поради сомнение за сторени кривични дела тежок обид за убиство, загрозување на живот и имот со помош на општо опасно дело или средство, семејно насилство и закани.

Тој е осомничен дека во вторник, 21 октомври, запалил гориво во собата од куќата каде што биле неговиот 25-годишн син и 51-годишната сопруга, како резултат на што 25-годишникот претрпел тешки телесни повреди.
Понатамошната кривична истрага утврди дека тој го стори кривичното дело семејно насилство врз сопругата на која и претходно ѝ се заканувал.

„Јутарњи лист“ дознава дека таткото запали крпа со запалка и ја фрли врз својот син и истурил бензин, по што избувнал пожарот. Пожарот се проширил по телото на младиот човек и во внатрешноста на куќата.

Нападот го видела мајката која реагирала храбро и трезвено. Таа го спасила својот син, го извлекла од запалената куќа и му ја искинала запалената облека.

Службите за итни случаи, полицијата и пожарникарите набрзо пристигнаа на местото на настанот.

Поврзани вести