Skip to main content

Трамп ја поништи одлуката на Бајден и нема да ги укине визите за романските граѓани

cristi-nede-from-pixabay
cristi-nede-from-pixabay

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ја отстранува Романија од програмата за безвизно патување во САД.

Претходната администрација на претседателот Џо Бајден на 9 јануари објави дека ја прифаќа Романија во програмата, нагласувајќи дека државата ги исполнила строгите безбедносни барања. Визите за романските граѓани требаше да бидат укинати околу 31 март.

Сепак, на крајот на март, Министерството за внатрешна безбедност објави дека ја замрзнува мерката со цел повторно да се разгледа одлуката за вклучување на Романија во програмата за безвизно патување во согласност со загриженоста на администрацијата на Трамп за безбедноста на земјата. Резултатот од повторната проценка е дека Романија е отстранета од програмата, јавија синоќа американските медиуми.

Благодарни сме на Романија за нејзиното блиско партнерство во текот на годините за подобрување на безбедносната соработка. Романија може да се разгледа за прием (во програмата за безвизно патување) во иднина“, изјави помошничката секретарка за внатрешна безбедност Триша Меклафлин.

Поврзани вести