Skip to main content

Тешка несреќа на автопат во Словенија, најмалку петмина мртви

Freepik

Најмалку пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа. Најмалку пет лица загинаа во сообраќајна несреќа што се случи на автопат во Словенија.

Според првите информации од полицијата, возачот на комбето удрил во камион кој стоел во колоната.

Несреќата се случила околу 10:30 часот на штаерскиот автопат во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана.

Првично беше објавено дека четири лица загинале, а две се повредени, но подоцна полицијата потврди дека уште едно лице починало. Ниеден од загинатите не е државјанин на Словенија.

Службите за итни случаи се на терен, како и воен хеликоптер кој слета недалеку од местото на трагедијата.

Поврзани вести