
На политичката сцена во Србија, границата помеѓу легитимната критика и бруталната дискредитација одамна е заматена. Најновиот во низата обиди за вклучување на претседателот Александар Вучиќ во неосновани скандали дојде од опозицијата, кога пратеничката Мариника Тепиќ изнесе скандалозно тврдење дека сликата на претседателот на Србија наводно се наоѓа на пакети со запленети дроги во Латинска Америка.
Иако брзо беше откриено дека всушност станува збор за сликата на поранешниот колумбиски претседател, а не на Вучиќ, штетата веќе беше направена.

Тепиќ е вработена во фирмите на лидерот на опозицијата Драган Ѓилас.
Нејзините „докази“ се базираа на фотографија од пакет кокаин, на кој се гледа налепница со нејасно лице – за кое таа тврдеше дека е на Вучиќ.

Како Мариника ги добила „доказите“?
Тепиќ го обвини претседателот на Србија, без никакви веродостојни докази, дека е поврзан со дилерот на дрога Филип Кораќ и пакетите со дрога пронајдени во Тахити, кои – според нејзините тврдења – содржеле фотографии од Александар Вучиќ!
Таа ја вклучи француската полиција и голема заплена на дрога во Тахити во целата приказна,! Исто така, таа го обвини Обвинителството дека го крие овој случај „во фиоки“ четири години!