Skip to main content

Солун денеска ќе молчи за Кочани

Freepik

Граѓаните на Солун организираат собир на молк како израз на сочувство за трагедијата во Кочани во која животот го загубија 59 лица.

Како еден од градовите кои покажа солидарност и прифати на лекување дел од настраданите во трагичниот пожар, велат организаторите на собирот, „ве покануваме да го изразиме нашето најдлабоко сочувство за загубените животи, на повредените и на нивните семејствата“.

„Да се собиреме во момент на тишина и да ја покажеме нашата поддршка“, се вели во повикот за собирот кој ќе се во 12.00 часот на пладне, на плоштадот Аристотел.