
Во албанскиот парламент се случил сериозен инцидент откако пратеник наводно одзел документ поврзан со договор за воена соработка меѓу Албанија и Соединетите Американски Држави.
Во текот на обидот да го стигне, службеничката паднала по скалите и се здобила со повреди, поради што била пренесена на лекарски преглед.
Инцидентот предизвика бурни реакции во јавноста и меѓу политичките партии, а надлежните институции започнаа постапка за утврдување на сите околности околу случајот.
Засега не е соопштено дали документот е вратен, ниту дали против пратеникот ќе бидат преземени законски мерки.

Македонски



