
Грчката полиција уапси тројца осомничени откако работник вчера загина во силна експлозија која одекна во фабрика за оцет во близина на грчкиот град Коринт, објави „Иефимеридa“.
Властите ги уапсиле 47-годишниот сопственик на компанијата, 46-годишниот одговорен за безбедност и 46-годишниот раководител на производството.
Според првичните информации, експлозијата се случила додека 67-годишен работник вршел заварување во близина на инсталација за снабдување со течен нафтен гас.
Работникот загинал во несреќата.
Έκρηξη σε εργοστάσιο στα Εξαμίλια Κορινθίας. pic.twitter.com/fTKHMcq4V1
— iEidiseis.gr (@iEidiseisGR) July 27, 2026

Македонски



