Skip to main content

Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор

Апелацискиот суд во Нови Сад го укина притворот на уште петмина осомничени во случајот со падот на бетонската настрешница на железничката станица во тој град, кога загинаа 16 лица. Тие беа осудени на домашен притвор од три месеци.

Со таа одлука на судот, ниту еден од 13-те приведени по падот на настрешницата повеќе не е во затворски притвор.

Обвинението, кое обвинителството го поднесе на 30 декември, беше вратено кон средината на април од страна на Вишиот суд во Нови Сад „на доработка“ со образложение дека „е потребно подобро разјаснување на предметот за да се испита неговата суштина“. Со тоа, постапката беше вратена во фаза на истрага.

Постапката ја води и Вишото јавно обвинителство во Белград, кое на почетокот на март поднесе обвинение за пропустите што доведоа до паѓање на настрешницата.
Реконструираната зграда на железничката станица во Нови Сад беше официјално отворена само четири месеци пред падот на настрешницата, со порака дека реновираната зграда ги надминува европските стандарди.

Несреќата предизвика масовни протести во Србија со кои се бара од властите одговорност за несреќата во која загинаа 16 луѓе. 

Поврзани вести