Eден од најконтроверзните српски политичари Чедомир Јовановиќ и неговата сопруга Јелена Јовановиќ се разведуваат по 25 години брак, дознава Курир,рс.
Точно е дека Чеда поднесе барање за развод. Јелена постојано беше покрај него, но не можеше да го издржи притисокот кој секојдневно се зголемуваше. Понекогаш премногу љубов е проблем. И двајцата се максимално посветени како родители, а Чеда даде се за своите деца и семејството, а тоа му беше многу тешко, но сакаше да ја ослободи Јелна од товарот што го носи и затоа реши да ги потпише документите за развод. . Поминаа месеци, се трудеше на секој начин да ги смири страстите и се да направи како порано, но не успеа. Можам само да ви кажам дека меѓу нив немаше лоши зборови и дека се решија на цивилизиран начин – вели нивен заеднички пријател.