Skip to main content
едита тахири

Преку мир или војна, ќе се менуваат границите на Балканот поради трагичната поделба на Албанците

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Косово во дијалогот со Србија, Едита Тахири, оцени дека евентуалните промени на границите на Балканот би биле „добри за Албанците“, бидејќи, како што рече, „ќе ја обедини (таа) трагично поделената нација“. Тахири на Фејсбук напиша дека „почнале шпекулациите за мировните преговори предводени од Трамп“.

Шпекулациите на проруските и просрпските аналитичари ја афирмираат идејата за промена на границите, вклучително и на Балканот, поточно меѓу Косово и Србија, наведе Тахири.

Таа, сепак, вели дека американскиот претседател „многу добро знае дека нема промена на границите само на еден дел од Балканот и тие ќе се менуваат на целиот Балкан, преку мир или војна“.

Според неа, менувањето на границите е добро за Албанците, бидејќи тоа би довело до обединување на „веќе трагичната поделба на албанската нација“.

Поврзани вести