Skip to main content

ПР стратегот на СДСМ од Србија се додворува на српската опозиција

Потпретседателот на Главниот одбор на Социјалистичката партија на Србија, Бранко Ружиќ, повторно изразува ставови што отстапуваат од официјалниот курс на социјалистите, повторувајќи дека СПС „го губи својот идентитет“ со спојувањето во заедничка листа со СНС, а од друга страна, ја признава суровата реалност на својата партија: ако излезат сами и го променат претходниот наратив за Вучиќ како единствена референтна вредност, ризикуваат да паднат под цензусот.

Ружиќ се појавува во медиумите сè почесто со поддршка на студентите, но, без јасна поддршка во рамките на партиската инфраструктура, се чини дека поранешниот министер за образование води лична кампања, обидувајќи се да ја обезбеди сопствената политичка иднина во случај на големи промени на сцената.

Во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ тој се споменува како ПР стртег на СДСМ со кој подготвува регионален опозициски блок.

Поврзани вести