Skip to main content

Поранешен косовски специјалец уапсен при обид да влезе во Србија

Поранешниот припадник на Единицата за специјални операции на косовската полиција, Арбнор Спахију, е уапсен откако се обидел да влезе на територијата на Србија од Унгарија.

Спахију бил уапсен на 7 јуни на граничниот премин Хоргош, а потоа однесен во притворниот центар во Кањижа. Министерството за надворешни работи на Косово објави дека испратило официјално барање до српските власти преку Канцеларијата за врски, за добивање објаснување за правната основа за апсењето.

Адвокатот на уапсениот припадник на специјалната единица, Аријанит Кочи, тврди дека Спахију не е дел од полицијата три години и дека живее во Германија, додека на неговиот профил на социјалните мрежи е наведено дека тој сè уште е вработен во Единицата за специјални операции.

„Телеграфи“ пишува дека Спахију патувал со автобус со своето семејство од Австрија и се очекува да се појави пред судија во Општинскиот суд во Кикинда. Според Кочи, Спахију бил припадник на Единицата за специјални операции (NJSO), која е многу попозната по своето старо име РОСУ. Припадниците на РОСУ, во неколку наврати имаат употребено сила против Србите во северно Косово, а познати се и по бруталното апсење на тогашниот директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.

Поврзани вести