Skip to main content

Обвинителството на Косово го повика Курти да сведочи во случај за злоупотреба на службената положба

Косовскиот премиер, Албин Курти, е повикан од Специјалното обвинителство да даде исказ на 16 декември, како сведок во случај за злоупотреба на службената положба.

Поканата до Курти од обвинителството ја соопшти синоќа владиниот портпарол Перпарим Криезиу, обвинувајќи го судството дека „влијае на исходот од изборите“ закажани за февруари следната година.

Во поканата на обвинителот се нагласува обврската на Курти да се појави пред суд или да ќе соочи со парична казна.

Поврзани вести