Skip to main content

Невреме во западна Грција, реки по улици и затворени училишта

Сите основни и средни училишта, како и градинките на грчкиот остров Закинтос, денес беа затворени со одлука на локалните власти поради бурата што го погоди западниот дел од земјата.

Лошото време започна синоќа, кога силни бури ги погодија островите, а предупредување до населението да биде особено внимателно беше испратено и во Ахаја, Илија и Месинија.

Поради лошите временски услови, на север од Крф, автомобил што го превезувал британското семејство се заглавил во калта на ридот, а противпожарната служба морала да интервенира за да ги транспортира на безбедно место на главниот пат, пренесува „Катимерини“.

Според грчките медиуми, бурата предизвикала поплави и лизгање на земјиштето.

Иако нема блокирани патишта, работата за отстранување на остатоците продолжи денес на патот од Марта до Вијанос, како и на брегот од Ксерокамбос до Латоми, а градоначалникот на областа, Павлос Баритакис, апелираше на претпазливост.

Поврзани вести