
Албанскиот премиер, Еди Рама, преку објава на Фејсбук се спротистави на учеството на граѓани од Косово и Македонија на протестите во Тирана, нагласувајќи дека Албанците од овие земји не можат да се сметаат за албанска дијаспора.
„Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија на туѓа земја. Заедно со Македонците тие се државотворен народ во својата земја во соседната држава“, напиша Рама, додавајќи дека дијаспора се иселениците во странски земји, а не Албанците од Македонија и Косово.
Албанија веќе повеќе од 20 дена се соочува со континуирани протести, наречени „Револуција на Фламинго“, предизвикани од контроверзен проект поврзан со планираната изградба на луксузен туристички комплекс поврзан со зетот на претседателот на САД, Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

На последните протести во Скопје за правосудниот испит имаше Албанци од Албанија, но рекација од Рама .немаше. Напротив протест за истото барање имаше и во Тирана.

Македонски



