
На 14 јули во Брисел ќе се одржи 9. Меѓувладина конференција Албанија-Европска Унија, каде што се очекува Албанија да ги затвори првите три поглавја од преговорите.
Премиерот Еди Рама објави дека Албанија се подготвува за оваа важна фаза од процесот на европска интеграција, нагласувајќи дека патот кон ЕУ продолжува напред.
Во објава на социјалните мрежи, Рама наведува дека состанокот ќе се одржи во Брисел, во Советот на ЕУ.
Првите три поглавја од преговорите за членство на Албанија ќе бидат затворени што официјално ќе го означи почетокот на преговорите. Албанија не запира. Тие рекоа дека преговорите се блокирани, рекоа дека самитот на НАТО е откажан, дека владата е соборена, кажаа сешто и нема да остават ништо не кажано, бидејќи нивната работа се празни зборови, додека нашиот збор е работа“, напиша Рама.

Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на Европската Унија (КОРЕПЕР), вчера, го одобри Заедничкиот став на Европската Унија за привремено затворање на преговорите за пристапување на Албанија за поглавие 25 „Наука и истражување“, поглавие 26 „Образование и култура“ и поглавие 30 „Надворешни односи“.

Македонски



