Skip to main content

Марта Кос: Србија може да го отвори Кластер 3 на есен, но само доколку ги исполни условите што ги бара ЕУ

Printscreen / Youtube / Влада

Комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, порача дека Србија би можела да го отвори Кластер 3 на есен доколку ги исполни потребните услови. Во исто време, таа истакна дека земјата напредува бавно во областа на владеењето на правото.

Кос потсети на потребата од исполнување на обврските од нон-пејперот на ЕУ, кој ги утврдува актуелните барања за Србија во врска со владеењето на правото и нормализацијата на односите со официјална Приштина.

Според неа, неодамна се донесени три закони за медиуми, се работи на изборниот закон и се формира одборот на Регулаторното тело за електронски медиуми.

Само доколку се исполнат сите услови, можеби ќе биде можно да се премине во следната фаза од преговорите со ЕУ, порача Кос.

Поврзани вести