
Зградата на Собранието на Косово денеска беше евакуирана по наредба на обезбедувањето, непосредно пред почетокот на 42-то продолжение на конститутивната седница.
Пратениците кои беа во салата веднаш заминаа од парламентот, додека во исто време новинарите кои требаше да ја следат седницата беа замолени да ја напуштат зградата.
Според поранешниот претседател на парламентот Гљаук Коњуфца, обезбедувањето било информирано дека добиле телефонска закана и дека дејствуваат во согласност со безбедносните барања.
Собранието на Косово денеска на 42. продолжение на конститутивната седница требаше повторно да се обиде да избере претседател на законодавниот дом, откако сите досегашни завршија без успех, иако поминаа пет месеци од парламентарните избори, а три од конституирањето на новиот парламентарен состав