
Пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии, Ричард Гренел, го отфрли толкувањето на претседателката на привремените приштински институции, Војса Османи, со кое таа ја обвини Србија дека наводно неодамна подготвувала конфликт меѓу Белград и Приштина.
Гренел истакна дека Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради мировна работа меѓу Белград и Приштина и економска нормализација во 2019 и 2020 година, кога беше потпишан Вашингтонскиот договор во Белата куќа.
„Срам за Вјоса Османи затоа што ги манипулираше зборовите на претседателот Доналд Трамп. Доналд Трамп беше номиниран за Нобелова награда за мир за неговата работа за мир и економска нормализација меѓу Косово и Србија во 2019 и 2020 година – преку потпишувањето на Вашингтонскиот договор од страна на Трамп во Овалната соба. Османи не беше дел од тој договор. А преправањето дека се случило нешто ново е апсурдно“, напиша Гренел на X.