Skip to main content

Гори познат хотел во Истра, гостите итно евакуирани

Freepik

Еден од најпознатите хотели во Хрватска, „Мулино“, се запали утрово. Пожарникарите го ставија под контрола, но и натаму не е локализиран, пренесува „Индекс“.

Според началникот на противпожарната служба Дино Козлевац, пожарот избувнал околу девет часот и го зафатил покривот на хотелот, а во неговото гасење биле вклучени 45 пожарникари и 20 возила.

На местото на настанот се наоѓаат членови на јавните противпожарни единици од Умаг, Бузет, Пореч и Пула, како и членови на доброволните противпожарни единици од областа Бује.

„Заедно со нашите сили, пристигнаа и екипи на ДВД од Сечовље и членови на противпожарната бригада од Копер“, рече Козлевац, додавајќи дека ова била тешка интервенција.

Гостите на хотелот беа евакуирани откако избувна пожарот.

Поврзани вести