Skip to main content

Голем број излагачи на Саемот на книгата нема да работат поради годишнина од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

 Голем број излагачи на 68-от Меѓународен саем на книгата во Белград објавија дека денеска нема да работат поради годишнината од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 16 луѓе.

Меѓу издавачите кои нема да ги отворат своите штандови се „Лагуна“, „Пчелица“, „Чаробна књига“, „Штрик“ „Контраст“, ​​„Суматра“, „Дерета“, „Доказ“,„Плато“, „Одисеја“, „Академска књига“, „Макондо“, „Отворена књига“, „Креативни центар“, „ЛОМ“ и други.

Од„Лагуна“ и „Делфи“ објавија дека саемот во Белград им се заканиле со финансиски казни на излагачите кои нема да работат на 1 ноември.

Учество на саемот претходно неколку издавачки куќи откажаа учество.

Организаторите на 68-от Саем на книгата објавија дека денеска ќе има бесплатен влез за секој посетител кој ќе донесе две книги, кои ќе бидат донирани на библиотеките во руралните средини на Србија.

Дел од парите од секој продаден билет денеска ќе ги донира Белградскиот саем на семејствата на жртвите од падот на бетонската настрешница во Нови Сад.

Поединечен билет чини 400 динари, а за групни посети чини 300 динари.

Поврзани вести