
На социјалните мрежи се појави видео од сегашниот министер за надвореши работи на Бугарија Георг Георгиев како му ја бакнува раката на Бојко Борисов. Поранешниот бугарски премиер му е и кум на Георг во бракот со новинарката Виолета Минчева.
Георг е познат по своите антимакедонски ставови и неодамна премиерот Мицкоски го нарече „северномакедонски“премиер по што нашиот премиер му рече дека тоа е исто како глушец да задева лав.