
Ништо сомнително не беше пронајдено во траектот со 750 патници, за кој имаше анонимен телефонскиот повик за поставена бомба, кусо пред да отплови од атинското пристаниште Пиреас за островите Хиос и Лезбос, јави дописничката на МИА од Атина.
По анонимниот повик во канцелариите на бродската компанија Blue Star преку кој беше пријавено дека во самиот брод е поставен експлозивен механизам, патниците беа евакуирани и се изврши проверка со помош на куче-душкач.
Откако не беше пронајдено ништо и се покажа дека станува за лажна дојава, траектот отплови со над час и половина задоцнување.