Skip to main content

Додик: Босна и Херцеговина нема да стане членка на НАТО

x-milorad-dodik
x-milorad-dodik

Поранешниот претсдател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Босна и Херцеговина нема да стане членка на НАТО и дека Република Српска сака посилна соработка со Русија.

Нашата политика не вклучува членство во НАТО. Се обидуваме да го зголемиме интензитетот на соработката со Русија во сите области – во спортот, културата, науката, политиката“, изјави Додик.

Тој вели дека ништо не се променило во политичкиот избор на српскиот народ.

Србите ја сакаат и продолжуваат да ја поддржуваат Русија. Русија сега е во оправдана и разбирлива одбранбена состојба и се надеваме дека ќе излезе како победник. Само обновената соработка со Русија може да ја спаси Европа од колапс, чиј економски успех во голема мера се темелеше на пристап до руски ресурси по поволна цена“, вели Додик.

Поврзани вести