
Министерството за здравство во Хрватска донесе одлука според која државјаните на трети земји од визниот режим ќе мора да се подложат на здравствен преглед за откривање на акутни и хронични заразни болести при продолжување на нивниот привремен престој во Република Хрватска и, во зависност од нивниот статус на вакцинација, доколку е потребно да се вакцинираат.
Одлуката се однесува на граѓани на земји на кои им е потребна виза за влез во Хрватска, односно Шенген зоната. Меѓу нив се граѓани на Индија, Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипините и Египет кои имаат одобрена дозвола за привремен престој во Хрватска и бараат нејзино продолжување.
Здравствениот преглед ќе се спроведе во јавните здравствени установи според нивното место на живеење или во Хрватскиот институт за јавно здравје, во рок од 90 дена пред поднесување на барање за продолжување на привремениот престој. Странските работници ќе доаѓаат на преглед врз основа на упат пополнет од нивниот работодавач.
Прегледот вклучува епидемиолошка анамнеза, физички преглед и утврдување на статусот на вакцинација, и мора да исклучи активна туберкулоза, носителство на бактерии кои предизвикуваат тифус и паратифус, како и инфекција со ХИВ, хепатитис Б и хепатитис Ц. Доколку наодите потврдат заразна болест или покренат сомневање за друга болест што претставува ризик за јавното здравје, лицето ќе биде упатено на дополнителна дијагностика и третман.
Доколку наодите потврдат заразна болест или покренат сомневање за друга болест што претставува ризик за јавното здравје, лицето ќе биде упатено на дополнителна дијагностика и третман.
Одлуката, исто така, предвидува вакцинација на државјани на трети земји под 35 години кои немаат доказ за пропишана вакцинација против мали сипаници, детска парализа, дифтерија и тетанус. Граѓаните на трети земји вработени во здравствената заштита и во здравствениот и социјалниот систем, исто така, ќе мора да се вакцинираат против хепатитис Б.
По прегледот, ќе се издаде потврда, која државјанинот на трета земја ќе мора да ја чува во текот на целиот престој во Хрватска. На барање, ќе мора да ја покаже на инспектор од Државниот инспекторат, службено лице на Министерството за внатрешни работи или за време на кој било медицински преглед.
Трошоците за здравствениот преглед на странските работници ќе ги сносат работодавачите, додека другите државјани на трети земји кои го продолжуваат својот привремен престој ќе мора сами да го платат прегледот. Трошоците за вакцинација ќе се финансираат од средствата на Хрватскиот институт за здравствено осигурување.

Македонски


