
На плажата во Неа Врасна, Четиригодишно момче доживеа срцев удар на плажата во Неа Врасна, во Грција, но благодарение на брзата реакција на доктор од Србија и волонтерите спасувачи, беше спасено, пренесува српскиот портал „Грчка инфо“.
Инцидентот се случил утрово на плажата во Неа Врасна, кога детето добило епилептичен напад додека било во вода. За време на нападот проголтало вода што му влегла во белите дробови, предизвикувајќи задушување, а потоа и срцев удар.
Прв реагирал доктор од Србија кој случајно се нашол на плажата и веднаш започнал со реанимација, а во исто време, локалниот угостител го повикал Волонтерскиот спасувачки тим, кој пристигнал на местото на настанот за помалку од една минута.