Skip to main content

Билборди со роденденска честитка за Лукашенко се појавија во Србија

Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пренесе РСЕ.

Билборд во Белград од ултрадесничарската организација Наси, на кој му го честитаат роденденот на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко

На 30 август во Белград и Нови Сад се појавија билборди, со кои му се честиташе роденденот на авторитарниот претседател на Белорусија, Александар Лукашенко.

На билбордите, заедно со честитките за роденденот до Лукашенко, пишуваше „Србија ве сака“. Тие беа потпишани од „Иван Ивановиќ – Конзервативно движење наше“.

Во соопштението на движењето се вели дека Лукашенко бил „искреен и голем пријател на српскиот народ“ и дека Белорусија „секогаш ни стоела на страна“ во најтешките моменти за Србија, објави новинската агенција Бета.

„Движењето Наши“ е ултрадесничарска организација, која не е официјално регистрирана.

Поврзани вести