Skip to main content

Беше полицајка на годината во 2019 година, а сега колегите ја уапсија како член на криминална мрежа

Грчка полицајка која дипломирала на полициското училиште во Дидимотеихо, служела во Економската полиција и била наградена како полицаец на годината во 2019 година, сега е вклучена во организацијата што ја измамила државата и обезбедувала покритие за борделите и клубовите.

Таа заедно со уште тројца полицајци и 15 приватни лица денеска се уапсени по голема акција на Службата за внатрешни работи на Грција. Младата полицајка која претходно служеше во Економската полиција и ги имаше сите перспективи за добра кариера, со оглед на тоа што има диплома и од Правниот факултет, сега е повикана да се соочи со обвинувањата што и ги препишуваат колегите, дека имала клучна улога во делувањето на мрежата, во смисла на обезбедување и заштита на борделите и клубовите.

Станува збор за лице кое имало директен контакт со 58-годишниот наводен водач на организацијата и често го посетувала неговиот дом, особено во деновите кога „клиентите“ на организацијата ги плаќале.

За своите услуги добивале од 800 до 2.500 евра на 15 дена, а изненадува фактот што плаќањата се вршеле секој први и 15-ти во месецот.

Поврзани вести