Возилото со кое се возеше Александар Вучиќ е AUDI A8 L. Станува збор за т.н вип возило кое се користи за превоз на политичари. Речиси секое возило од овој модел е блиндирано со највисоки мерки за безбедност. Завчера неговото тркало излезе од бандашот.
Ваквите возила имаат т.н Run-flat гуми – со можност за продолжување на мобилноста на возилото кога гумата или повеќе има целосно или делумно губење на притисокот (воздух/азот).
Овие уреди се сосотојат од челични ремени, гелови за заптивање, инјектираниот полиуретан, полимер, јаглеродни влакна и гумени прстени затегнати до внатрешноста на тркалото. Возилото може да се вози и со дупнати гуми 80 километри. Ваквиот тим на пневматици се отпорни и на куршуми.