Skip to main content

Апликацијата на Косово за членство во ЕУ е блокирана поради земјите-членки што не го признаваат

Freepik

Апликацијата на Косово за членство во ЕУ сè уште не е разгледана поради противење од земјите-членки што не го признаваат. Секој обид да се покрене дискусија за апликацијата во рамките на Советот на ЕУ е блокиран, а последниот таков пример е забележан минатата недела, кога Словачка се спротивстави, објавува „Коха“.

Според дипломатски извори, поединечни претседателства на Советот на ЕУ се обиделе да го покренат прашањето за апликацијата на Косово, но овие обиди брзо биле запрени поради противење од земјите што не го признаваат.

Со тоа, сегашното данско претседателство завршува без никаков напредок по ова прашање. По Данска, претседателството го презема Кипар, кој е меѓу државите коишто остро се спротивставуваат на признавањето на Косово, што дополнително ги намалува шансите за напредок.

Поврзани вести