
Во италијанските затвори казни издржуваат 1.922 албанските државјани, меѓу кои 23 жени. Тие сочинуваат 9,7 отсто од вкупниот број затвореници-странци, стои во последниот извештај на италијанското Министерство за правда, на кое се повикуваат албанските медиуми.
Вкупниот број затвореници-странци изнесува 19.732, а Албанците се трети по бројност по Мароканците и Тунижаните. Најголем број албански затвореници кои издржуваат казни има во регионите Ломбардија, Тоскана, Лацио и Емилија Ромања. Главно се осудени за трговија со дрога, но и други тешки кривични дела, убиства и разбојништва, наведуваат медиумите.
Во извештаите се пренесува податок и за затвореници косовски државјани, кои до 31 јули 2025 година биле 88, сите мажи.
Во Италија има над 60.000 затвореници, од кои околу 20.000 се странци, со пренатрупаност од над 10.000 лица повеќе од капацитетот на италијанскиот систем. Половина од странските затвореници можат да ја издржуваат казната во нивната земја на потекло“, изјавил италијанскиот министерот за правда, Карло Нордио.
Освен пренатрупаноста тој како загриженост ја споменува високата бројка од околу 25 илјади, кои се корисници на дрога, за кои вели „може да се најде алтернативен начин, како на пример во установи за лекување, за да ги издржат своите казни“.