Skip to main content

12 лица повредени во судар на два автобуси во Хрватска

Фото: Freepik

Сообраќајна несреќа во која учествувале два автобуси се случила на автопатот А1 денес околу 13:45 часот. Според Сплитско-далматинската полиција, несреќата се случила во близина на излезот Вучевица во правец на Загреб.

На местото на настанот беа испратени екипи на Итна медицинска помош, полиција и пожарникари.

„Јутарњи лист“ пренесува дека 12 лица побарале медицинска помош, додека тројца се задржани во болница поради модринки и скршеници. Сите се свесни и во добра состојба. Во тек се дополнителни проверки, по што ќе биде позната тежината на повредите.

Среќна околност е што нема загинати.

Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат медиумите во Хрватска, едниот автобус излетал од патот, удрил во ограда, па се вратил на патот по што на него налетал другиот автобус.

Поврзани вести